canal between buildings during nighttime

Како функционира?

Како функционира нашата 12-месечна програма?

Нашата програмата за изучување германски јазик онлајн е наменета за сите кои сакаат брзо и квалитетно да стекнуваат знаење, користејќи ги најдобрите и најсовремените методи за учење. Она што го нагласуваме како најголема придобивка од оваа програма и што не издвојува од сите други курсеви е тоа што се фокусираме на комуникација и говоречки вештини, во текот на наставата ќе имате редовна посета од страна на родени говорители на германски јазик со кои ќе комуницирате и говорите за оној материјал кој дотогаш сте го совладале.

Ако не пратите на социјалните мрежи подолго време, знаете дека јас сум секогаш поддржувач на развивање на „слух“ за јазикот. На слушање и зборување треба да се посвети онолку време колку што е потребно и за граматика, што значи дека доколку не го практикувате јазикот и не вежбате говорење, ќе го познавате јазикот само на хартија, при решавање на граматички вежби. Токму затоа, во текот на наставата се вклучени редовни сесии за зборување со гости кои го зборуваат германскиот јазик како мајчин, како би можеле да слушнете како треба да звучи јазикот и да ги развивате слухот и комуникациските способности истовремено.

Еве чекор по чекор како функционира:

1. Аплицирање

Пријави се: Започни со пријавување на нашата програма преку нашата веб-страница. Откако ќе се регистрираш, ќе бидеш телефонски исконтактиран од нашиот тим со сите потребни информации за да започнеш.

Настани: Учествувај на нашите промотивни настани за да се запознаеш со нашата платформа, да се запознаеш со твоите инструктори и да го согледаш концептот на целосната програма.

2. Термини и почеток

Почеток: Откако ќе се запознаеш со нашата програма, можностите кои ги нуди истата и целосниот концепт, време е да се одредат термините и почетокот на курсот.

Термини: Термините не се определени однапред, исклучиво се одредуваат заедно со кандидатите како би му одговарале на секого. На овој начин секој ќе има прилика да го изучува јазикот во своето слободно време, без потреба да го нарушува својот распоред.

3. Темпо на настава

Закажани сесии: Неделно имаш 240 минути предавање, односно 4 часа кои се распоредени во 2 блок часови со времетраење од 120 минути.

Снимени сесии: Сите сесии се снимаат и се достапни да се прегледаат дополнително доколку некогаш не си во можност да се вклучиш на часот, во тој случај однапред се најавува отсуството.

Интерактивно учество: Вклучи се во дискусии, поставувај прашања и вежбај зборување со инструктори и со колеги.

4. Говорни способности

Комуникација: Часовите се дизајнирани уште од самиот старт да се развијат слух за јазикот и комуникациски вештини. Редовно на часовите се вклучуваат гости, родени говорители на германски јазик, со кои слушателите разговараат на германски како би можеле да слушнат како треба да звучи јазикот и да го вежбаат своето говорење.

Активна дискусија: По завршување на А1 ниво, започнуваш со активно користење на јазикот во секојдневни дискусии. По завршување на редовните часови во неделата, имаш еден час од 60 минути наменет за зборување на германски на кој се повторува материјалот и се разговара за истиот исклучиво на германски. Ваквиот концепт на настава те подготвува за она што го нарекуваме „говорен“ германски и ќе бидеш опуштен во зборувањето уште на самиот почеток.

5. Колективна поддршка

Редовни проценки: Во текот на програмата, ќе добиваш редовни проценки од професорот со кои ќе можеш да го измериш твојот напредок и да согледаш на што треба да обрнеш внимание.

Меѓусебна комуникација: Ти и твојата група ќе можете во секое време да дадете повратна информација за часовите, да дадете предлог за нешто што ви се допаѓа и да учествувате во активности заедно со останатите групи независно од нивото.

6. Гете-институт - Подготовка за испит

Ваучер за испит: По завршување на програмата, добиваш ваучер со попуст од 100% за да го полагаш испитот за познавање германски јазик во Гете-институт.

Сертификат: Сертификатот од Гете институт е меѓународно признат што значи ќе ти отвори многу врати доколку целиш кон странство.

7. Кариерна поддршка

Аранжман на интервју за работа: Откако ќе го положиш твојот испит, ти организираме интервју за работа со врвни компании кои бараат квалификувани германски говорници.

Кариерно водство: По завршување на програмата, добиваш тридневна обука за тоа како да го поминеш интервјуто и како да го покажеш својот квалитет, што ќе ти помогне да го направиш следниот чекор во твојата кариера.

8. Почеток и крај на програмата

Почетници: Доколку си почетник без претходно познавање на германски, започнуваш од А1.1 и се движиш до Б1.2 во текот на 12 месеци.

Претходно познавање: Доколку веќе го познаваш германскиот јазик и сакаш да започнеш од онаму каде си застанал, од наша страна се организира тестирање како би можеле да видиме каква основа имаш и од кое ниво би можел да започнеш.

Во текот на овие 12 месеци, ќе бидеш поддржан од нашиот посветен тим, со што ќе се осигураш дека имаш се што ти треба за да постигнеш течно познавање на германскиот јазик.

9. Спремен да почнеш?

Не чекај и трансформирај ги твоите јазични вештини и можностите за кариера. Пријави се на нашата 12-месечна програма за дигитално усовршување на германски јазик денес и направи го првиот чекор кон посветла иднина!

Регистрирај се сега и отклучи го твојот потенцијал!

За повеќе информации, контактирај не на academics.affluent@gmail.com