A microphone on a stand on a blue background

Sprachkurs

Подобри ги своите вештини за зборување со нас!

КАКО ФУНКЦИОНИРА И КАДЕ ДА СЕ ПРИЈАВАМ?

Неделно имате две сесии за зборување, месечно осум. Секоја сесија трае по 60 минути и на секоја сесија се обработуваат различни теми. Професорот е тука за да ви поставува прашања и да ви дава насоки и совети како да се изразувате и како да го искажете своето мислење на високо ниво. Се разговара на различни теми, од наједноставни до најкомплексни. Доколку се чувствувате несигурно во вашето зборување, овој курс е направен токму за тоа.

Пријавувањето го извршувате подолу каде внесувате име, презиме и телефонски број. Веднаш по пријавувањето ќе бидете исконтактирани од нашиот тим за да се одредат термините и нивото на започнување.

Овие курсеви се наменети за сите оние кои сакаат да ги подобрат своите способности за говорење на германски, а немаат со кого да комуницираат и да го вежбаат јазикот. Секојдневно се среќаваме со луѓе кои долго време посетувале курсеви и успеале да ја совладаат граматиката, меѓутоа кога ќе се најдат во ситуација каде треба да зборуваат, се среќаваат со големи предизвици. Тоа се случува поради една причина. Јазикот го познаваат само на „хартија“. Зборувањето мора да се практикува постојано, за да може да се развие слух за јазикот. Нашите конверзациски курсеви се дизајнирани да го развијат токму тоа.

ЗА КОГО СЕ НАМЕНЕТИ КУРСЕВИТЕ ЗА ЗБОРУВАЊЕ?

ЈАНУАРИ

Совладај ги стравовите и започни да зборуваш!

3 месеци, 8 сесии месечно

Термините ги одредуваме заедно со вас

Секоја сесија трае по 60 минути.

Комплексноста на темите се зголемува со секоја наредна сесија.

60 минути
Различни теми на дискусија